Тројца играчи од ГФК Охрид се позитивни на Ковид-19

фото: фејсбук/gfkohrid

Нови позитивни случаи на коронавирус во македонскиот фудбал, поточно тројца заразени во редовите на втолигашкиот клук ГФК Охрид Лихнидос.

Тие ги почитуваа протоколите, но вирусот влезе и во редовите на второлигашот.

Почитувани, сакаме да Ве информираме дека тројца фудбалери се позитивни од нашите редови.

Ние како клуб ги презедовме сите мерки и ги почитувавме протоколите, но невидлиот непријател бесчујно навлезе и во нашите редови.

ГФК Охрид ќе ги следи сите насоки од надлежните институции и ќе постапува согласно нивните инструкции – информираат од клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот