Тројца онколози велат дека овој појадок помага во превенција на ракот
Кога станува збор за навиките што можат да го намалат ризикот од рак, онколозите нагласуваат дека не станува збор само за избегнување на цигари, туку и за секојдневни избори како што е исхраната.
Препорачано
„Исхраната е клучна за целокупното здравје, вклучително и намалувањето на ризикот од рак“, вели онкологот д-р Крушанги Пател за „Парада“.
Таа додава дека исхраната влијае на воспаленијата, нивото на шеќер во крвта и способноста на клетките сами да се обновуваат, пренесува „Јаху!Лајф“ (Yahoo!Life).
Тројца онколози се согласуваат дека еден од најдобрите појадоци за превенција од рак е комбинација од јајца и лиснат зелен зеленчук како спанаќ или кељ.
„Ако го започнете денот со протеини и растенија, донесувате одлуки за кои вашето тело ќе ви биде благодарно и денес и за многу години“, вели д-р Пател.
Тој истакнува дека јајцата содржат протеини и антиоксиданти како лутеин и зеаксантин, кои помагаат во намалувањето на оксидативниот стрес и ги штитат клетките од оштетување.
Онкологот д-р Синду Наир предупредува дека начинот на кој ги подготвувате игра голема улога.
„Пржените јајца не се толку здрави како варените или лесно приготвените кајгани“, вели таа.
Доктор Наир додава и дека јајцата подобро е да се комбинираат со зеленчук отколку со преработено месо како колбаси или сланина.
Слично мислење има и онкологот д-р Андре Гој, кој тврди дека го лиснатиот зелен зеленчук е „основа на исхраната за превенција од рак“. Тој објаснува дека тие содржат соединенија кои можат да помогнат во заштитата на ДНК и да го намалат ризикот од одредени видови рак, особено од карцином на дебелото црево. Тој особено ги издвојува кељот и зелката поради соединенијата што помагаат во неутрализирање на канцерогените материи.
Д-р Гој, исто така, препорачува и други здрави појадоци, како што се овесна каша со бобинки и јаткасти плодови, кајгана од тофу и зеленчук или грчки јогурт со семки и цитрусни овошја. Д-р Пател советува секој појадок да содржи протеини и влакна, како и предност да се дава на минимално преработените намирници.


