Троицки: Јас на теренот полупијан, а Ѓоковиќ ми мафта со сто евра
Српскиот тенисер Виктор Троицки во подкаст на телевизијата Спортсклуб открива зневеројатна анегдота која се случија во 2011 година за време на Дејвис-куп репрезентацијата.
Во таа година дејвид-куп репрезентацијата на Србија за прв пат триумфира во ова натпреварување.
– Имаше интересна ситуација на дуелот со Шведска, јас и Јанко Типсаревиќ во петокот игравме синг мечеви и лесно ги победивме бидејќи Швеѓаните имаа слаб тим. Јанко и јас победивме во петокот, а во саботата во дубл играа Новак и Нена Зимоњиќ, и нормално загубија – се потсетува Троицки на тие моменти и открива дека Новак Ѓоковиќ морал да го одигра тој дуел во дубл за да има право да настапи на Олимписките игри во Лондон 2012 година.
– Новак не сакаше да игра синг, и во недела Јанко требаше да игра прв против некој непознат шведски тенисер. Се чекаше да победи и ние да извојуваме конечна победа. Бидејќи речиси ја имавме победата в џеб, одлучивме да излезе во град да се забавуваме и останавме до доцна. Кога се вративме пред хотелот веќе беше разденето и почнавме да му пееме на Типсаревиќ под прозорот. Нормално, тој ништо не слушна и добро што е така бидејќи тој играше прв во недела, додека јас бев поприлично пијан – зборува Троицки и продолжува:
– Јанко експресно славеше и Зимоњиќ беше „полумртов“, Новак не сакаше да игра и јас морав да излезам на терен полупијан, а ривал ми беше Линстед, специјалист за дубл, играч со добар сервис. Јас буквално не можев да се движам јас „мртов“ и веднаш почнаа досетките. Едвај гледав, а од клупата ми викаат „Доколку му направиш брејк ќе ти дадеме 100 евра“ и ми мафтаат со банкнота – нормално тоа беше Новак. На крајот, Линдстед го предаде мечот, а јас им велам – ајде да си бегаме, не можам да стојам – открива Троицки.