Илустрација - жена со писмо / Фото: Pexels

Трогателна приказна – вдовица пронашла роденденска честитка од сопругот десет години по неговата смрт

Неочекувано откритие меѓу старите спомени се претвори во трогателна приказна за љубов што ја трпи загубата. Повеќе од една деценија по смртта на нејзиниот сопруг војник, вдовица пронашла неотворена честитка за роденден што ја чувала меѓу своите спомени со години. Таа го споделила своето откритие на платформата „Редит“, каде што објавата брзо станала вирална, пренесува „Њузвик“.

На пликот пишувало „до мојата принцеза“, а внатре имало рачно напишана белешка: „Знам дека сè уште не ти е роденден, но повторно ќе ме нема“.

Подоцна објаснила дека тој се осврнувал на воена мисија поради која ќе пропушти уште еден нејзин роденден.

Честиката останала недопрена со години бидејќи таа не знаела дека е неотворена, а нејзиниот сопруг починал пред десет години.

Објавата, собрала повеќе од 20.000 лајкови и над 200 коментари пред модераторите да ја отстранат. И покрај ова, објавата предизвика силни реакции и брзо се прошири низ интернет.

Во коментарите, 55-годишната вдовица го опишала пронаоѓањето на честитката како неочекувано и горчливо-слатко искуство. Таа напиша дека пораката „всушност ме насмеала“ и дека е благодарна што ја пронашла, иако сè уште тешко се откажува од сентименталните спомени.

Таа исто така откри дека чува голема кутија со околу 200 рачно напишани писма од 1990-тите, напишани додека биле во врска на далечина или додека тој бил на воени мисии.

– Жалам што не бев повнимателна и не зачував повеќе картички и слични работи. Сепак, чувам огромна кутија со сите писма што си ги пишувавме еден на друг додека се забавувавме, прво на далечина, и сите што си ги испраќавме еден на друг додека тој беше на мисија на Синај, Египет – напишала таа.

Многумина во коментарите истакнаа колку биле трогнати од приказната и ги споделија своите искуства со загубата.

„Какво посебно откритие! Многу ми е жал за вашата загуба, но ми е мило што имате вакви потсетници за него“, напиша еден корисник. „Неверојатно е како ви скока срцето кога неочекувано ќе го видите ракописот на сакана личност која повеќе не е со вас. Многу ми е мило што го најдовте ова! Вистинско богатство“, додаде друг.

Приказната продолжува да се шири на интернет како потсетник дека љубовта понекогаш е скриена во мали, неочекувани моменти кои чекаат да бидат повторно откриени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот