Трка во Кина: Американските компании бараат замена за лекови вредни 200 милијарди долари
Американските производители на лекови брзо ги купуваат правата за молекули што би можеле да послужат како основа за нови лекови од кинеските компании, обидувајќи се да ги намалат трошоците за истражување и развој. До јуни, американските фармацевтски компании во Кина склучија 14 договори за лиценцирање лекови што би можеле да вредат дури 18,3 милијарди долари.
Препорачано
Во истиот период минатата година, беа склучени само два такви договори, според податоците доставени до Ројтерс од консултантската фирма ГлобалДата. Трендот на забрзано склучување договори ќе продолжи, бидејќи американските компании бараат замена за лекови во вредност од 200 милијарди долари чии патенти ќе истечат до крајот на деценијата, изјавија аналитичари и инвеститори. Кога ќе се земат предвид авансни плаќања и последователни поголеми износи, компаниите во САД платиле во просек 84,4 милијарди долари за вакви договори во текот на изминатите пет години, а 31,3 милијарди долари во Кина, според „ГлобалДата“.
Со лиценца, компанијата го купува правото да развива фармацевтски производ или технологија, како и да го произведува и пласира на пазарот, обично врзувајќи ја сумата со резултатите и намалувајќи ги ризиците од развој. Уделот на Кина во глобалниот сегмент за развој на лекови е речиси 30 проценти, а уделот на САД во глобалните истражувања и развој на лекови е 48 проценти, според извештајот на „Сителајн“, компанија за фармацевтски податоци, објавен во март, пренесува Пословни дневник.


