Триумф на надежта: И 100 часа по земјотресот спасени неколку луѓе

Урнатини од земјотресот во Турција/ Фото: Zakariya Yahya / Zuma Press / Profimedia

Надежите за пронаоѓање на преживеани под урнатините на јужна Турција и Сирија сè уште не се целосно згаснати, добрите вести продолжуваат да доаѓаат во петтиот ден откако силните земјотреси со јачина до 7,7 степени го потресоа регионот.

Во 101-от час од првиот потрес во понеделникот во 4:17 часот, спасувачите успеаја да извлечат 30-годишен маж од урнатините во Хатај, како и мајка и нејзиниот петгодишен син во Дијарбекир, објави „Си-Ен-Ен Турк“.

Две сестри затрупани под урнатините, со кои спасувачите стапиле во контакт, биле спасени во исто време во Кахраманмарас, објавија други турски медиуми.

Петчлено семејство со едногодишно бебе беше извлечено живо од спасувачите во округот Хатај во 96-тиот час од земјотресот.

Надежта триумфираше и во Газиантеп, каде 17-годишно момче беше извлечено од урнатините во 94-от час по земјотресот.

Два часа претходно спасувачите извлекле мајка и ќерка од урнатините на нивната урната куќа.

Деведесет и еден час по земјотресот во Хатај, спасено е и 12-годишно момче, јавува „Си-Ен-Ен-Турк“.

Два силни земјотреси во понеделникот, со јачина од 7,7 и 7,6 степени ја потресоа јужна Турција. Земјотресите погодија и неколку соседни земји, меѓу кои Либан и Сирија.

Според последните податоци во Турција, во земјотресите загинале над 21 илјади луѓе, а повредени се 78 илјади. Во соседна Сирија загинале над 3.300 луѓе, а илјадници се повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот