„TripAdvisor“ ја објави листата на топ дестинации за 2023 година, вклучувајќи и еден град во Хрватска

Фото: Pexels

Познатиот сајт со информации за патувања низ светот „TripAdvisor“ ја објави листата на омилената дестинација во светот за 2023 година.Меѓу дестинации во светот кои туристите сакаат да ги посетат во 2023 година доминират и бројни европски градови, но и тропски места.


На врвот на листата е најголемиот и најнаселен град во Обединетите Арапски Емирати, Дубаи. Во топ 10 влегоа и Бали, Лондон, Рим, Париз, Канкун, Крит, Маракеш, Доминиканска Република и Истанбул.

Дубровник се најде на листата на најдобри европски дестинации за 2023 година.


Хрватска се најде на листата на најдобри европски дестинации за 2023 година. TripAdvisor го смести Дубровник на 20-то место на листата.

„Дубровник се опорави од воените разурнувања што ги претрпе во 1990-тите, а посетителите се вратија во овој мирен град. Сместен помеѓу Јадранското Море и Динарските Алпи, тој е достапен и не премногу скап градски одмор за многу европски патници. Стариот Градот е особено шармантен град наменет исклучиво за пешаци“, напишаа претходно за Дубровник од „TripAdvisor“.

Првите места на листата на најдобри европски дестинации за 2023 година ги заземаа Лондон, Рим, Париз, Крит, Истанбул, Барселона, Мадрид, Фиренца, Лисабон и Единбург.


„TripAdvisor“ ја направи листата врз основа на минатогодишните критики и оценки од туристите.

ФОТО | Би патувале ли на овие прекрасни дестинации? Кријат необјасниви мистерии

Градови кои сега сите сакаат да ги посетат: Листата со топ дестинации прилично се промени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот