ВИДЕО | Имате многу облека, а наскоро се селите? Овој трик за пакување воодушеви многумина: „Генијално!“
Дури кога се селиме, често сфаќаме колку работи сме насобрале низ годините. Фиоки, ормари и кутии кријат предмети што не сме ги користеле со месеци, па дури и со години, но поради некоја причина сме ги зачувале. Така, селидбата станува повеќе од обично физичко преместување.
Препорачано
Љубителка на модата ги шокираше корисниците на социјалните мрежи откако откри, како што вели, најдобриот трик за пакување облека при селидба. Во својата популарна снимка, Сидни им раскажа на гледачите дека го открила идеалниот метод за сите оние што се „зависници од купување“, додавајќи дека оваа техника ѝ го променила животот, пишува „Дејли експрес“.
Како што може да се види во видеото на Сидни, таа заштедила многу време така што облеката ја оставила на закачалките во ормарот и ја прекрила со вреќи за ѓубре, наместо да ја реди во кутии или торби. Со групирање на повеќе закачалки во една вреќа, ѝ биле потребни само неколку тура за да ја пренесе целата облека. Вреќите ја штителе облеката за време на транспортот, а по пристигнувањето не морала повторно да ја закачува. Многумина останаа воодушевени од нејзиниот совет.
@sydneyycannonnn Literally changed my lifeeee📦👚😇 #moving #movinghacks ♬ PARTY 4 U x NEVER BE LIKE YOU – ALTÉGO
„Ова е генијално“, „Токму вака ќе направам“, „Се чувствувам толку глупаво што порано не знаев за ова“, се само дел од коментарите.
Корисниците на социјалните мрежи често споделуваат совети за селидба, од пакување до самиот ден на преселување.
Така, една тиктокерка во видео прикажа како нејзиното семејство користело големи торби за складирање од Икеа за да ја поедностави селидбата, пакувајќи разни предмети за полесен пренос. Таа ги искористила за облека, постелнина, јоргани, чевли, плишани играчки, капути, друштвени игри, крпи, божиќни украси, електроника и перници.
Блогерката ги пофали повеќекратните торби, истакнувајќи дека се лесни за носење и подигнување, како и тоа што веднаш може да се види што има внатре.
„Ова е навистина паметно“, напиша еден корисник. „Целата куќа ја спакувавме во овие торби, најдобрата работа досега“, додаде друг. „И јас го направив истото со истите торби. Многу се цврсти и собираат навистина многу“, коментираше трет.


