Тричковски најдобар фудбалер во Кипар

Иван Тричковски одличната сезона во дресот на АЕК Ларнака ја круниса со признание за најдобар фудбалер во кипарскиот шампионат во избор на Кипарската фудбалска федерација, право на глас имаат тренерите на екипите.

Тричковски во дресот на АЕК Ларната настапи на 39 натпревари и постигна 24 голови, а доколку не беше повреден учинокот ќе беше уште подобар. Тој поради повреда на ребро ја заврши сезоната и веројатно ќе ги пропушти мечевите за македонската репрезентација на почетокот на јуни со Полска и со Австрија во Скопје.

Македонскиот репрезентативец со АЕК Ларнака настапи и во Лигата на Европа каде постигна шест гола и имаше шест асистенции. .

За најдобар тренер е избран тренерот на АПОЕЛ, Паоло Термецани, а најдобар дебитант е Матија Шпољариќ од Алки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот