Трибина „Дигитализација на јавните услуги”

На трибината ќе се зборува за дигитализацијата на земјата, како и за нејзината улога во професионализирањето на јавната администрација.

На Универзитетот на Југоисточна Европа денеска ќе биде одржана втората од серијата јавни трибини на тема „Дигитализација на јавните услуги“, во организација на Министерството за информатичко општество и администрација.

На трибината ќе се зборува за дигитализацијата на земјата, како и за нејзината улога во професионализирањето на јавната администрација.

– Посебен фокус ќе се стави на Националниот портал за електронски услуги како електронска платформа достапна на https://uslugi.gov.mk, преку која на граѓаните им се овозможува да добијат информации за јавните услуги и да користат е-услуги од надлежни органи, значително олеснувајќи го административниот процес, информираат од МИОА.

Ќе се обратат министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи, а ќе говорат и проф. Азир Алиу од Факултетот за современи науки и технологии и Бобан Милосавлески од компанијата „Алтиус Солушнс”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот