„Триаголник на смртта“: Дерматолозите предупредуваат на ова место никогаш да не ги стискате мозолчињата!

Profimedia
Фото: Профимедиа
Веројатно веќе 100 пати ви е кажано дека треба да избегнувате стискање на мозолчиња, без оглед на тоа колку и да сакате да се ослободите од несаканите акни. Овој совет, се разбира, се однесува на целото ваше лице, но лекарите велат дека, сепак, постои особено опасно подрачје. Тие колоквијално го нарекуваат „триаголник на смртта“ од кој треба да ги држите рацете.

Што е „триаголникот на смртта“?

– Подрачјето на лицето што го поврзува носот со аглите на усните се смета за особено опасно подрачје на лицето поради нивната тесна поврзаност со мозокот – рекол д-р Џошуа Зејхнер, дерматолог во болницата „Маунт Синаи“ во Њујорк.

Најдобар начин да го видите овој триаголник е да го формирате со прстите, спојте ги врвовите на палците, а потоа и врвовите на показалците. Врвот од триаголникот ставете го на мостот од вашиот носот, а базата нека почнува во двата агли на усните и да се протега преку дното на вашата горна усна.

Зошто е опасно да се испечатат мозолчиња во „триаголникот на смртта“?

Терминот „триаголник на смртта“ може да звучи малку екстремно кога се зборува за печатење на акни, но дефинитивно не треба да ја сфаќате заканата лесно.

Зошто е опасно да се стискаат мозолчиња во „триаголникот на смртта“?

Терминот „триаголник на смртта“ може да звучи малку екстремно кога зборуваме за стискање на мозолчиња, но дефинитивно не треба да ја сфаќате заканата така лесно.

– Кавернозниот синус е назив на големата вена која носи крв до мозокот – вели д-р Зејхнер. Со други зборови, инфекцијата со мозолчиња на вашиот нос донекаде има јасен пат до вашиот мозок. Од таа причина, секоја инфекција во таа област е малку поголем ризик – рекол доктор Алок Виј, дерматолог во Клиниката Кливленд.

– Во случај да стискате мозолче и да се развие инфекција, најлошото сценарио е инфекцијата да се прошири низ кожата преку овој синус и да има потенцијал да го зарази мозокот, па дури и да се прошири преку крвотокот до целото тело – вели д-р Зејхнер. Затоа, стискањето или допирањето на мозолчиња во таа област не е мудро, ниту пак, кубењето влакна од носот на небезбеден начин, бидејќи кое било од овие дејствија може да им овозможи на бактериите да навлезат во тоа ризично подрачје на лицето. Друга причина да ги држите рацете подалеку од таа регија е затоа што е поголема веројатноста дека на неа ќе остане лузна – вели д-р Виј.

Дали постои безбеден начин за стискање на акните?

Дерматолозите одамна сфатиле дека нивните совети да се држат рацете подалеку од лицето нема да бидат сослушани. Така, иако не се препорачува стискање на мозолчиња, постојат неколку начини тоа да го направите помалку ризично.

Пред сè, немојте да ги стискате мозолчињата во областа на „триаголникот на смртта“. Секогаш кога ќе посегнете по големо мозолче на носот, сетете се на зборовите на лекарот дека инфекцијата потенцијално може да го зарази мозокот.

Но, ако сте апсолутно решени да го направите тоа, размислете кога и како ќе го направите тоа.

– Ако сакате да стискате мозолчиња, не правете го тоа непосредно пред спиење кога сте изморени. Размислувајте за тоа како стерилна хируршка процедура – вели доктор Зејхнер. Со други зборови, мора да бидете внимателни. Пред да тргнете во акција, темелно измијте ги рацете, препорачува д-р Виј. Исто така додава и дека треба да внимавате пределот под ноктите да биде чист бидејќи бактериите таму добро се кријат. Од друга страна, д-р Зејхнер препорачува да ги исечете ноктите пред да одлучите да го отстраните мозолчето. Потоа секако не заборавајте да ја исчистите кожата на лицето, а д-р Виј го нагласува нанесувањето на топли облоги пред да започнете со процесот.

Не треба да ги отстранувате мозолчињата со ноктите, вели д-р Цајхнер. Наместо тоа, направете рамномерен притисок околу мозолчињата, советува тој, а тоа треба да го правите со памук или со мекиот дел од врвот на прстот. Од најголема важност е да знаете кога да престанете.

– Ако не можете лесно да го исцедите мозолчето, прекинете – вели д-р Зејхнер, додавајќи дека последователната нега е уште еден клучен дел на секое стискање на мозолчињата. По стискањето на акните, важно е да се нанесе локална антибиотска маст бидејќи во прашање се отворени рани, заклучил д-р Зејхнер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот