Три рецепти за забрзување на метаболизмот: Пробајте ги, навистина делуваат

Ако имате проблеми со запек, мрзливи црева, задржување на течност во телото или пак, лесно ви се таложат масти, овие рецепти ќе ви помогнат да се ослободите од проблемите.

Тие важат за „покренувачи“ на метаболизмот, а во сите клучна состојка е циметот.

Прв рецепт:

Едно јаболко исечете го на тенки парчиња. Прелијте со 300 мл зовриена, па оладена вода. Додадете лажичка цимет и оставете да отстои на ладно место два часа. Испијте пред спиење.

Рецептов ќе ви помогне да се ослободите од вишокот течности во телото, но и побрзо да согорите масти.

Втор рецепт:

Во една шолја кефир додадете една лажичка цимет и половина лажичка мелен ѓумбир. Ваквата мешавина пијте ја наутро и навечер.

Трет рецепт:

Сварете 300 мл зелен чај. Додадете лажичка цимет. Откако ќе се излади додадете мед. Пијте половина час пред ручекот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот