Три напитоци што комплетно ќе ги исфрлат токсините од телото

Илустрација

Замастената слезина предизвикува чувство на умор, промена на кожата, а во полоши ситуации постои можност дури и очите на луѓето со ваков проблем да добијат жолта боја. Лошата вест е тоа што болната слезина може трајно да доведе до влошување на здравствената состојба, а добрата вест е што постојат три напитоци, кои ако редовно ги пиете, ќе помогнат во регенерирањето и нејзино одмастување.

Сок од моркови

Сокот од моркови се прави многу лесно. За да добиете подобар ефект, во него додајте неколку листови млад спанаќ. За да го подготвите сокот од моркови, во соковник ставете неколку млади излупени моркови, вода и спанаќ.

Овој сок превенира појава на голем број заболувања поврзани со слезината бидејќи во составот на морковите има флавоноиди и бетакаротен, кои се антиоксиданти, па овој напиток го прават одличен за чистење на наталожените отрови во телото.

Сок од зелен зеленчук

Барем еднаш дневно подгответе си сок од зелен зеленчук. Во соковник ставете листови од спанаќ, кељ па дури и марула. Додајте малку вода и испијте ја добиената течност. Доколку тоа редовно го правите, телото ќе ви биде благодарно.

Зелен чај

Доколку сте во потрага по некој супер напиток за чистење на слезината, а притоа не сакате да трошите многу време за негова подготовка, во тој случај направете си зелен чај.

Зелениот чај е полн со антиоксиданти кои ги уништуваат слободните радикали, што го прави моќен борец против појава на одредени типови рак. Покрај тоа, зелениот чај му помага на телото да ги согори наталожените маснотии на органите и во крвните садови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот