Три милиони луѓе без работа – германската економија сè потешко дише

На годишно ниво, бројот на невработени е поголем за 77.000 во однос на април 2025 година, додека стапката на невработеност остана непроменета и изнесува 6,4 отсто, пренесува „Виртшафтсвохе“.

Бројот на невработени во Германија во април е намален за 13.000 во споредба со март, но и понатаму е над три милиони, што укажува на стагнација на пазарот на труд, објави денеска Сојузната канцеларија за труд.

На годишно ниво, бројот на невработени е поголем за 77.000 во однос на април 2025 година, додека стапката на невработеност остана непроменета и изнесува 6,4 отсто, пренесува „Виртшафтсвохе“.

Директорката на Сојузната канцеларија за труд, Андреа Налес, оцени дека „пресврт на пазарот на труд сè уште не е на повидок“, додавајќи дека сезонското пролетно закрепнување годинава е послабо отколку порано.

Побарувачката за работна сила покажува знаци на стабилизација, но на ниско ниво. Во април во Германија биле регистрирани 641.000 слободни работни места, што е за околу 5.000 помалку отколку пред една година.

Истовремено, бројот на корисници на паричен надоместок за невработеност пораснал на 1,07 милиони, што е за 93.000 повеќе од минатата година. Бројот на корисници на социјална помош, пак, се намалил за 125.000 и изнесува 3,826 милиони луѓе.

Проблемите се видливи и на пазарот за образование и вработување на младите. Приближно 211.000 млади луѓе и понатаму немаат пракса или работа, додека истовремено има 217.000 непополнети места за обука. Главната причина за тоа е неусогласеноста меѓу квалификациите и локацијата.

Трамп разгледува повлекување на дел од американските сили од Германија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот