Три лица не се придржувале на забраната за движење во Гостивар

Тие се движеле низ подрачјето на градот во време на забрана за движење на населението од 21 до 5 часот.

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлози за изрекување казнени налози за три лица кои го сториле кривичното дело непостапување според здравстевни прописи во време на епидемија.

Двајца од обвинетите на 23 март  во 21.30 часот, а третиот во 22.05 часот,  за време на епидемијата на опасна болест COVID 19 не постапиле според прописите и упатствата со кои беа определени мерки за сузбивање и спречување на коронавирусот. Тие се движеле низ подрачјето на градот во време на забрана за движење на населението од 21 до 5 часот.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар предложи на судот, на обвинетите за стореното кривично дело да им изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот