Три хороскопски знаци кои едноставно не знаат што е тоа нервоза! Нервирањето за нив не постои!

Љубителите на хороскопот досега имаат направено голем број истражувања за да дознаат кои знаци ќе имаат долг и здрав живот. Ако сметате дека хороскопот и здравјето не се воопшто поврзани, размислете уште еднаш! Токму нашиот карактер и односот што го имаме со другите и себеси може да влијае на нивото на стрес кој пак, значително може да го скрати животниот век. Па, кои се тие хороскопски знаци кои не се нервираат воопшто, поради што и живеат подолго од останатите?

Рак

На прво место е смирениот Рак. Според многубројните истражувања, најдолго живеат луѓето родени токму во овој знак, благодарение на нивната природа која некои би ја нарекле себична, а некои внимателна. Раковите добро се грижат за себе и своето здравје и секогаш се ставаат себеси на прво место. Важно им е што јадат, што пијат и дали добро се наспале. Тие се грижат за нивното семејство и сакаат да бидат здрави за да бидат што подолго тука за нивните деца.

Девица

По Раковите, доаѓаат Девиците кои се храбри, остри и не дозволуваат никој да си игра со нив. Девиците се уредни и грижливи. Исто како и Раковите, тие се грижат за своето здравје и поголема е веројатноста дека тие им предизвикуваат стрес на луѓето околу нив, отколку што тие самите се под стрес.

Овен

На трето место се наоѓаат Овните кои имаат некои слични особини со Девицата, но кај нив преовладува огромната волја за живот и желбата да си угодуваат самите себеси. Доколку забележат дека некој ги нервира и цело време им се спротивставува, тие ќе му покажат каде му е местото и без размислување ќе го отфрлат од нивниот живот. На тој начин се ослободуваат од токсичните луѓе кои им предизвикуваат стрес, а ги задржуваат оние вистинските.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот