Три аплосутни рекорди на Миа Блажевска Еминова на Зимското национално првенство

facebook.com/National-Swimming-Federation-Национална-пливачка-федерација

Талентираната македонска пливачка Миа Блажевска Еминова е најуспешна пливачка на Зимското национално првенство кое се одржа изминатиот викенд во базенот „Борис Трајковски“. Блажевска Еминова постави апсолутни рекорди на 50 метри грбно и градно и на 100 метри делфин, додека на трките на 50 метри делфин и на 100 метри градно постави кадетски рекорди.

фејсбук/Национална пливачка федерација

За најдобри пливачи по категории според најголем број на победи во категорија се прогласени следните пливачи:

Жени:
Помлади пионерки – Софија Дамјанова (ПК Октопод)
Постари пионерки,Кадетки,Младинки и Сениорки – Миа Блажевска Еминова (ПВК Орион)

Мажи:
Помлади пионери – Никола Ѓуретановиќ (ПК Вардар 2018)
Постари пионери – Јован Јанковски (ПВК Орион)
Кадети и Младинци – Андреј Стојановски (ПК Нептун)
Сениори – Филип Деркоски (ПВК Орион)

На првенството се поставени и 13 индивидуални и 5 рекорди во штафетните трки.
Членката на ПВК Орион,Блажевска Еминова Миа постави нови рекорди во следните дисциплини:
Кадетски,Младински и Апсолутен рекорд на 50м грбно со време 29:30
Кадетски,Младински и Апсолутен рекорд на 50м градно со време 34:24
Кадетски,Младински и Апсолутен рекорд на 100м делфин со време 1:02:98
Кадетски рекорд на 100м градно со време 1:14:90
Кадетски рекорд на 50м делфин со време 28:93

Членот на ПК Скопје,Стефан Цветковски постави нов Кадетски рекорд во дисциплината 50м делфин со време 25:90.
Додека членката на ПК Октопод,Софија Дамјанова постави нов рекорд за Помлади пионерки во дисциплината 50м делфин со време 30:59.

Штафетите на ПК Вардар 2018 поставија нови рекорди за Помлади пионери со време 2:17:02 на 4×50м мешано и 2:01:97 на 4×50м слободно.

Штафетите на ПК Скопје поставија нови рекорди за Кадетки и Младинки на 4×50м мешано со време 2:17:05,нов рекорд за Кадетки и Младинки на 4×50м слободно со време 2:02:75 и нов рекорд за Постари пионерки на 4×50м слободно со време 2:02:75

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот