Тргнале на пат со 2 милиони долари вреден кампер: Има два ката и десет кревети

фото: Принтскрин

Едно семејство тргна на далечен пат со цел да ја истражи Австралија, а на тој пат ќе им биде многу комотно. Како? Така што на тркала имаат куќарка вредна 2 милиони долари.

Семејство од Австралија ангажираше компанија со цел да им направи кампер на два ката, доволно голем за во него комотно да живеат родителите и нивните шест деца.

– Ова семејство сигурно не сакаше да им биде неудобно. Тие сакаа да бидат задоволни дури и во пустелија – рече Варвик Босвергер од компанијата SLRV.

фото: Принтскрин

Во овој кампер се наоѓаат 10 кревет, модерна кујна со две рерни, две микробранови, фрижидер и замрзнувач, машина за перење, телевизори, систем за греење, дневна соба и бања.

Родителите имаат посебна соба, а децата го имаат првиот кат за себе. Во камперот има дури и дополнителен кревет на извлекување за гости.

За изработката на оваа необична „куќа“ биле потребни шест месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот