Фото: МИА

Тргнале на лов без дозволи, еден ловец загинал од истрел од небрежност

Полицијата вчера уапси единаесет лица од селата Габревци, Долни Липовиќ, Ракитец и Дедино, сите од општина Конче. Лицата биле затекнати во лов на дивеч без дневни дозволи за лов во атарот на село Габревци.

За време на ловот, во еден момент, М.Б. (40) од село Габревци од небрежност испукал истрел од својата ловечка пушка, при што го погодил Ј.П. (46) од село Ракитец во пределот на стомакот и раката. Повредениот бил веднаш пренесен кон Итната медицинска помош во Радовиш, но по пат, на местото викано „Дедински Чаири“, лекар од Итната помош констатирал смрт.

Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и екипа на ОВР Радовиш. По наредба на обвинителот, телото на починатиот е дадено на обдукција.

Од сите инволвирани лица се одземени ловечки пушки и муниција, а при претрес на домот на М.Б., извршен со судска наредба, дополнително се пронајдени и одземени оружје и муниција.

М.Б., Љ.М. и Г.К. се задржани во Полициската станица Радовиш. Во текот на денот против М.Б. ќе биде поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „убиство од небрежност“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот