Фото: ГРК Охрид

Трето полувреме по дербито во Охрид: Манасков го нападнал помошникот на Ројевиќ, пелистерци ја демолирале соблекувалната

Левото крило на Еурофарм Пелистер и поранешен репрезентативец, Дејан Манасков ги загубил нервите по поразот на неговиот тим од ГРК Охрид па физички го нападнал помошникот на Борис Ројевиќ, поранешното лево крило Крсте Андоновски, пишува Ohridnews.

Тензии имало и меѓу гостинскиот играч Радивојевиќ и тренерот на охриѓани, Борис Ројевиќ.

Дополнително, според фотографиите што се појавија, играчите на Пелистер ја оштетиле вратата од гостинската соблекувална. Нередите продолжиле и надвор од салата, каде што, како што се наведува, група гостински навивачи нападнале неколку жители на Охрид во центарот на градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот