Тренерот Станковиќ го продолжи договорот со Црвена звезда

Дејан Станковиќ тешко го доживеа неуспехот со Црвена звезда во Лигата на шампионите/Фото: EPA-EFE/HUGO DELGADO

Шефот на стручниот штаб на Црвена звезда, клупската легенда, Дејан Станковиќ ќе остане тренер на првата екипа до 2025 година.

Белградските „црвено-бели“ ја освоија титулата, петта по ред, или вкупно 33. во својата клупска историја.

– Се чувствувам феноменално. По многу добра и тешка сезона, направивме голем успех и потпишувањето на договорот е потврда дека заедно можеме да направиме сè, да размислуваме позитивно за иднината. Би сакал да му се заблагодарам на клубот за довербата и трпението. Овие две и пол години беа убави, сега почнува нов и уште посилен циклус.

Ова е само потврда дека клубот веруваше во мене од првиот ден. Би сакал да им се заблагодарам и на моите момци, без нив не би бил комплетен. Без нив не би можел да постигнам толку значајни резултати. Им благодарам и на навивачите кои секогаш беа со мене и ја дадоа својата поддршка. Заедно можеме сè – вели Станковиќ за клупскиот сајт.

Целите остануваат големи, двојна круна групна фаза во Европа и да се обиде клубот да стигне што подалеку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот