Фото: partizan.rs

Тренерот Ненад Стојаковиќ ќе го напушти Партизан

Фудбалскиот клуб Партизан го загуби првото место на табелата во српската Суперлига, и според неофицијални информации тоа доведе до отпуштање на тренерот Ненад Стојаковиќ.

Стојаковиќ е веќе третиот тренер кој си заминува од функцијата шеф на стручниот штаб од доаѓањето на Работната група и Предраг Мијатовиќ во Хумска.

По Саво Милошевиќ и Срѓан Благојевиќ, Ненад Стојаковиќ сега е отпуштен по само шест натпревари поминати на клупата на „црно-белите“.

Во шест натпревари во кои го водеше клубот против претежно ривали од долниот дел на табелата, Стојаковиќ оствари учинок од три победи, два порази и едно нерешено.

„Црно-белите“ го загубија првото место на табелата во Суперлигата на почетокот од пролетната сезона со нерешениот резултат против Раднички Ниш.

По 21 коло во шампионатот, води Црвена звезда со 48 бодови, еден повеќе од второпласираниот Партизан, а на третата позиција е Војводина со 43.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот