Тренерот на Вардар, Џиџи Илиевски го победи коронавирусот!

фото: Комити

Како што известуваат „Комити“, здравствената состојба на тренерот на Вардар, Никола Илиевски – Џиџи е подобра и од пред некој ден тој е пуштен на домашно лекување.

Верните навивачи очекуваат што побрзо да му помине изолацијата и веќе во текот на следната недела повторно биде на клупата на „црвено-црните“.

Потсетување дека Вардар утре го очекува натпреварот од Првата лига против екипата на Пелистер.

Тренерскиот тим Грне, Тане, Гичо, Шани, Илиќ ги водат тренинзите, додека утрешниот меч во Битола официјално ќе го предводи Златко Таневски – Тане.

„Комити“: За првпат Вардар ќе игра во опрема брендирана со нашето лого!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот