Тренерот на Барселона, Јасикевичиус позитивен на корона

epa08713738 FC Barcelona's head coach Sarunas Jasikevicius reacts during the Euroleague basketball game between FC Barcelona Lassa and CSKA Moscow at Palau Blaugrana in Barcelona, Catalonia, Spain, 01 October 2020. EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Само два дена по стартот на новата сезона во Евролигата, тренерот на Барселона Шарунас Јасикевичиус е позитивен на коронавирус, а покрај него заразен е и неговиот асистент Дариус Масколиунас.

Како што објави Барселона, Јасикевичиус и Масколиунас се позитивни на последниот круг тестирања на ковид-19. И двајцата немаат никакви симптоми, се чувствуваат добро, но се наоѓаат во самоизолација.

Јасикевичиус е позитивен само два дека откако дебитираше на клупата на Барселона во Евролигата во натпревар кој неговиот тим ја совлада ЦСКА Москва.
Тој ќе го пропушти утрешниот натпревар со Сан Себастијан во шпанската лига како и гостувањето на каталонците во Зенит во второто коло од Евролигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот