Тренерот и најдобриот играч на Барселона во клинч, војна на зборови меѓу Миротиќ и Јасикевичиус

Фото: EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Кошаркарската сезона во Шпанија заврши со триумф на Реал Мадрид иако во најголем дел од сезоната изгледаше дека ова ќе биде година на Барселона која на крајот испадна најголем губитник и тоа доведе до „војна на зборови“ меѓу тренерот Шарунас Јасикевичиус и најдобриот играч Никола Миротиќ.

Барселона на почетокот од годината триумфира во шпанскиот Куп, а беше најдобра во регуларниот дел од сезоната во Евролигата и шпанската АЦБ лига. Но, и во двете натпреварувања пред нив се испречи Реал Мадрид, „кралевите“ прво ја совладаа Барселона во полуфиналето за фајнал-фор турнирот во Евролигата, а сега во финалето на плеј-офот во шпанскиот шампионат славеше со 3:1 и ја освои 36 титула.

Тренерот Јасикевичиус постојано потенцираше дека неговата екипа нема карактер и дека тоа е причината за поразот од Реал во полуфиналето во Евролигара, а истото го рече и по поразот во финалето на плеј-офот во шпанскиот шампионат. Тие зборови не му се допаднаа на најдобриот играч на Барселона, Никола Миротиќ кој вината ја гледа и тренерот и неговата тактика.

– Направивме се што тренерот бараше од нас, но не одеше. Секогаш се обидуваме да играме како што тој бара од нас, но направивме многу грешки. Тие знаеја кои се нашите силни стрини и успеаја да ги неутрализираат. Оваа сезона според мене е неуспешна. Овој тим е создаден за многу поголеми нешта и моравме да постигнеме повеќе. Целта не е исполнета и ова е неуспех бидејќи станува збор за Барселона  – изјави Миротиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот