Трендафилов: Владата да ги симне розовите наочари – ја води најсиромашната земја во Европа
Во вечерашната емисија „Директно“ на „Телма“ дебатираа лидерот на Сојузот на синдикати Слободан Трендафилов, пратеникот Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ и Миле Бошков од Бизнис-конфедерацијата.
Препорачано
Трендафилов уште на почетокот најави големи протести и можен генерален штрајк поради тоа што Владата, како што рече, „остана нема во врска со зголемување на минималната плата, која е една од најниските на Балканот и во Европа“.
„Ниту владата ниту работодавачите се договорија до крајот минатата година и желбата да го подобрат животниот стандард не ја гледаме. За жал во 2025 година бевме оставени како работници на ветрометина, да се снаоѓаме кој како знае и умее. Порастот на трошоците за живот, влошениот животен стандард и ниските плати, се обидовме на последната седница на економско социјалниот совет аргументирано преку една сеопфатна анализа која ја подготвивме да ги елиминираме сите изговори кои тие ги имаа цела година наназад, но не сакаа да не слушнат, не сакаа да се договорат“, рече Трендафилов.
„Владата, наместо да ги симне розовите наочари, таа води држава која е најсиромашна во Европа и работници кои се најсиромашните. Тие ќе бидат патем виновниците за првиот генерален штрајк кој ќе се случи оваа година, затоа што одбиваат да седнат со синдикатите“, додаде претседателот на ССМ.


