Трендафил Ивановски: Наместо да бидат прва тупаница во борбата со корупцијата, покажаа колку се неспособни и непрофесионални
Поранешниот претседател на Уставен Суд Трендафил Ивановски за „Слободен печат“ коментирајќи ги препукувањата на релациите меѓу Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми и јавната обвинителка Вилма Русковска смета дека случувања се отсликување на состојбите во општеството и напорите на државата за борба против корупцијата.
Препорачано
– Жално е што се случува, особено ако се земе во предвид дека овие две институции треба да ги средуваат злоупотребите за корупцијата а се во директен конфликт меѓусебен. Она што дополнително е драматично и што ја збунува јавноста се всушност обвинувањата кои во ниеден момент не укажуваат за што точно станува збор. Овдека сакам да ги повикам институциите, претседателот на државата, Собранието и владата со своите ингеренции да излезат и побараат разјаснување на ситуацијата и одговорност за ваквото не долично однесување на Русковска и Муареми – вели Ивановски.
Тој потенцира дека поради фактот што во државава очигледно нема таков механизам и авторитет, овој конфликт ги има сите предиспозиции да ескалира.
– Проблемот да не се трга на страна. Туку напротив треба да излезат во јавноста и да кажат за што станува збор, народот треба да дознае. Но ќе повторам, сето ова говори за тоа колку се непрофесионални и не сериозни состојбите во овие институции кои треба да бидат првата тупаница во борбата против корупцијата – заклучува Ивановски.


