Треба да се ограничи купувањето станови во изградба, вели Ушлиновска од Групацијата за недвижности
Претставничката на Групацијата за недвижности при Стопанската комора, Фросина Ушлиновска, во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 предупреди дека начинот на кој во Македонија се продаваат станови во рана фаза од изградба создава простор за злоупотреби и ризици за купувачите.
Препорачано
Таа посочи дека за разлика од земјите како Словенија, каде продажбата на недвижност не е дозволена пред завршување на најмалку 60% од градбата, кај нас купувачите инвестираат во „дупка“ — односно уште пред реално да почне изградбата.
„Тоа најмногу им одговара на инвеститорите. Граѓаните вложуваат уште во почетната фаза, често земаат кредити, ги плаќаат ратите, а инвеститорот ги користи нивните пари за градба,“ објасни Ушлиновска. Таа додаде дека ваквиот модел влијае и врз цените, но и отвора простор за манипулации на пазарот.
Според неа, доколку продажбата на имот се дозволува дури по одреден степен на завршеност — како што е случај во други европски земји — и инвеститорите и купувачите би биле многу повнимателни, а ризиците значително би се намалиле.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
16мин
-
52мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


