Трамп жестоко го нападна Бајден во неговиот роден град Скрантон (ВИДЕО)

epa08615435 US President Donald J. Trump's speaks at a campaign stop at the Miriotti Building Products Factory in Old Forge, Pennsylvania, USA, 20 August 2020. The Trump campaign plans numerous stops in the seven 'Rust Belt' states. EPA-EFE/Peter Foley

Американскиот претседател Доналд Трамп жестоко го критикуваше својот политички ривал Џо Бајден за време на посетата на Пенсилванија и неговиот роден град Скрантон, само неколку часа пред поранешниот потпретседател да ја прифати претседателската номинација на неговата Демократска партија.

Говорот на Трамп, кој се обиде да истакне дека Бајден половина век ја изневерува Америка, исто така, имаше за цел да ја зајакне поддршката за републиканскиот претседател во оваа сојузна држава, што може да биде клучно за победа на изборите во ноември, пренесуваат британските медиуми.

– Тој ја напушти Пенсилванија. Тој го напушти Скрантон, им рече Трамп на стотиците приврзаници собрани на периферијата на градот, во кој е роден Џо Бајден.

„Но, ги мина последните половина век во Вашингтон, распродавајќи ја нашата земја и преземајќи ги нашите работни места и оставајќи им на другите земји да ни ја крадат работатата. Мексико, Кина, сите тие”, рече Трамп.

Трамп ја освои Пенсилванија во 2016 година со само 45.000 гласови разлика, ветувајќи дека ќе ги врати работните места во економски запоставениот регион. Но, според последните анкети, тој во оваа држава заостанува зад Бајден со околу шест проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот