Фото: Bonnie Cash - Pool via CNP / Zuma Press / Profimedia

Трамп за одлуката на Врховниот суд да му ги поништи царините: „Срамота“

Американскиот претседател Доналд Трамп ја нарече одлуката на Врховниот суд, со која беше поништен голем дел од неговите царини воведени со користење вонредни овластувања, „срамна“, за време на приватна средба со гувернерите во петокот, изјави за „Хил“ извор запознаен со разговорот.

Одлуката на судот беше донесена токму во моментот кога Трамп ги угостуваше гувернерите на појадок во Белата куќа. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, соопшти на социјалната мрежа „Икс“ дека претседателот се очекува попладнево да им се обрати на новинарите од салата за прес-конференции.

Одлуката на Врховниот суд пристигна за време на средбата, означувајќи значаен пораз за Трамп, кој ги направи царините централен дел од својата економска агенда.

Со одлука шест спрема три, судиите го отфрлија проширеното користење на Законот за меѓународни економски овластувања во вонредни состојби (ИЕЕПА) од страна на Трамп за воведување царини за речиси сите земји.

Законот од 1970-те му дозволува на претседателот да ја „регулира“ трговијата кога тоа е неопходно како одговор на национални вонредни состојби што претставуваат „невообичаена и извонредна“ закана.

„Ние не тврдиме дека имаме посебна стручност во прашања од економијата или надворешната политика. Ние само ја извршуваме ограничената улога што ни ја доделува членот 3 од Уставот. Исполнувајќи ја таа улога, заклучуваме дека ИЕЕПА не го овластува претседателот да воведува царини,“ напиша претседателот на Врховниот суд, Џон Робертс.

Врховниот суд на САД ги поништи противзаконските царини на Трамп: Ќе мора ли Америка да враќа стотици милијарди долари?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот