Трамп: Вашингтон не доби ништо, Москва издоминира!

Доналд Трамп
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/Erin Schaff

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп смета дека Русија била таа која доминирала на вчерашниот состанок на претседателите Путин и Бајден.

Трамп во изјава за Фокс Њуз соопшти дека САД не добиле ништо на самитот и дека ја препуштиле улогата на главен играч на Русија.

Покрај ова тој додаде дека Соединетите Држави не успеале да го спречат градењето на гасоводот ,,Северен поток 2“, што според негово мислење, било многу важно да се направи.

,,Мислам дека тоа беше многу добар ден за Русија“– стоеше во изјавата на Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот