Трамп очекува нови разговори со Иран во следните два дена

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјкаави дека очекува нови разговори со Иран, во Пакистан, во следните два дена. Трамп изјави за „Њујорк пост“ дека „втора рунда разговори со Иран би можела да се одржи во Пакистан во следните два дена“, откако првите разговори завршија без договор.

„Треба да останете таму и нешто би можело да се случи во следните два дена“, му рече американскиот претседател на новинар на „Њујорк пост“ во Исламабад по телефон.

По првиот телефонски повик, во кој Трамп рече дека е малку веројатно разговорите да продолжат во Пакистан, „Њујорк пост“ објави дека американскиот претседател повторно се јавил само неколку минути подоцна.

Тогаш Трамп рече дека „веројатно“ американските преговарачи ќе се вратат во Исламабад, „бидејќи командантот на пакистанската армија, Асим Мунир, одлично ја врши работата“.

На8 април, американскиот претседател го прифати предлогот на Пакистан за двонеделен прекин на огнот во Иран, за време на кој треба да се одржат преговори и целосно да се отвори Ормускиот Теснец.

Трамп: Иран сака договор

Кои се клучните барања на Иран поради кои не се постигна договор со САД?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот