Трамп објави слика од себе, како да е Исус Христос
Претседателот на САД Доналд Трамп денеска сподели фотографија од себе генерирана од вештачка интелигенција на која е претставен како Исус Христос. Овој негов потег следува откако започна вонреден напад врз Папата Лав 14.
Препорачано
Преку ноќ, американскиот претседател го обвини папата Лав дека е „слаб во однос на криминалот и ужасен за надворешната политика“ и тврдеше – „да не бев во Белата куќа, Лав немаше да биде во Ватикан“.
Одговорите на објавата беа нетипично критични, а некои следбеници го повикаа претседателот да ја отстрани објавата.
Не е прв пат американскиот претседател да споделува слики од себе направени со вештачка интелигенција. Минатата година, додека тој се подготвуваше да нареди распоредување на Националната гарда во Чикаго, објави пародија од себе генерирана од вештачка интелигенција од Apocalypse Now.
Претседателот на САД го нападна поглаварот на Католичката црква откако тој ја критикуваше војната во Иран, велејќи во говорот минатиот месец дека Бог ги отфрла молитвите на водачите кои започнуваат војни и имаат „раце полни со крв“.
Папата му одговори на Трамп: Не се плашам, мојата мисија е мирот


