Трамп објави листа: 46 отсто од семејствата по потекло од Косово примаат државна помош

Американскиот претседател Доналд Трамп објави листа на социјалната мрежа truth social која покажува дека 46 отсто од семејствата во кои еден член потекнува од Косово и 41,3 отсто во „имигрантските домаќинства“ во кој еден член има потекло од Албанија што живеат во САД, примаат некаква форма на државна помош.

Кај оние во кои еден брачен партнер е роден во Македонија, отприлика секое трето семејство (33 отсто) прима некоја форма на социјална помош од државата.

Под поимот „државна помош“ се подразбираат здравствената заштита преку Medicaid/CHIP, боновите за храна, станбена помош, SSI и програмите за училишни оброци, при што користењето на една мерка од еден член е доволно за „имигрантското домаќинство“ да се води како корисник.

На оваа листа, претседателот Трамп споделува податоци за придобивките од социјална помош од страна на имигрантските семејства од други земји во САД.

Табелите се дел од рангирањето насловено „Стапки на приматели на социјална помош за имигранти по земја на потекло“, кое го претставува процентот на имигрантски семејства кои примаат социјална помош, според земјата на потекло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот