Трамп и Путин во Енкориџ/Фото: Белата куќа

Трамп го постави условот за нова средба со Путин: без мировен договор – нема состанок

Американскиот претседател Доналд Трамп го откри својот главен услов за следната средба со рускиот претседател Владимир Путин. Тој им изјави на новинарите во претседателскиот авион „Ер форс уан“, кој е на пат за Азија, дека сака средба со Путин, но само ако се потврди мировниот договор кој треба да доведе до крај на војната во Украина, пренесува Си-Ен-Ен.

„Морам да знам дека ќе имаме договор. Не сакам да го губам моето време. Секогаш сум имал добар однос со Путин, но оваа ситуација сега е разочарувачка“, изјави Трамп.

Во Будимпешта, главниот град на Унгарија, требаше оваа или следната недела да се одржи нова средба меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

Средбата, сепак, беше откажана и не е познато дали и кога повторно ќе се сретнат американскиот и рускиот претседател по августовската средба на Алјаска.

Путин, по потврдата за откажувањето на средбата, жестоко и се закани на Украина и нејзините сојузници доколку Киев добие ракети „томахавк“ со кои би можел да напаѓа руски цели во длабочината на нејзината територија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот