Трамп ѝ нареди на морнарицата да потопува бродови кои го минираат Ормускиот Теснец
Американскиот претседател Доналд Трамп изутринава издаде строга директива до американската морнарица, наредувајќи ѝ да употреби смртоносна сила против секој брод за кој се сомнева дека поставува мини во Ормускиот Теснец, бидејќи тензиите со Иран продолжуваат да ескалираат, пренесува Ал Џезира.
Препорачано
„Наредив морнарицата да пука и да го уништи секој брод, иако веројатно се мали бродови (нивните морнарички бродови, СИТЕ 159 од нив, се на дното на морето!), што поставува мини во водите на Ормускиот Теснец“, порача Трамп во објава на социјалните мрежи во четвртокот. „Не смее да има двоумење.“
Коментарите на Трамп доаѓаат во услови на продолжен прекин на огнот меѓу САД и Иран што го остави теснецот во голема мера затворен. САД одржуваат блокада за бродови што одат кон и од иранските пристаништа, додека Техеран го задушува протокот на меѓународен сообраќај.
Трамп додаде дека напорите за расчистување на теснецот од мини поставени од Иран за време на конфликтот ќе се интензивираат.
Дополнително, нашите „чистачи“ на мини го расчистуваат теснецот во моментов“, напиша тој. Со ова наредувам таа активност да продолжи, но на тројно зголемено ниво! Ви благодарам за вниманието по однос на ова прашање – додаде тој.
Има ли некој во Техеран да го каже судбоносното „да“ за крај на војната?



