Трајковски уште две години во дресот на Феникс 2010

фото: BC Feniks 2010

Бојан Трајковски и следните две сезони ќе биде дел од Феникс 2010 откако официјално беше продолжена соработката.

Крилниот центар „виолетово-жолтите“ бои ги облече за вториот дел од сезоната, а оттогаш се наметна како незаменлив дел на младиот состав.

На 13 одиграни натпревари тој забележа просек од 20.5 поени, 10.1 скок и 3.2 асистенции.

И покрај тоа што не беше во можност да му помогне на клубот во борбата за плеј-офот поради повреда, неговото искуство имаше голем придонес за младите соиграчи.

Потсетување дека Феникс 2010 во последниот натпревар од дебитантската сезона во Првата кошаркарска лига претрпе пораз на гостувањето во Кавадарци против вицешампионот Еуро Никел убедливо со 93:63.

Почнува плеј-офот, МЗТ Скопје и Пелистер фаворити за шампионската титула

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот