Трајковски: Минатото лето имав понуда од Милан, но ја избрав Мајорка

твитер

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски открива дека минатото лето наместо во Мајорка можел да заврши во итлаијанскиот гигант Милан.

Трајковски по завршувањето на минатата сезона стана слободен играч откако Палермо поради финансиски малверзации на неговиот сопственик беше исфрлен во третата лига, и добил понуда од Милан, но на крајот ја избрал Шпанија и екипата на Мајорка.

– Претставници на Милан се сретнаа со моите агенти. Имаше контакт, интерес од нивна страна, но не беше доволно. Се надевав дека ќе се договориме, но работите не се одвиваа онака како што посакував, и на крајот заминав во Мајорка. Имав и други понуди од Италија, но кога стигна понудата од Мајорка, добив желба за промена, сакав да видам како е да заиграм во Шпанија. Никогаш не се знае, можеме повторно ќе се вратам во Италија еден ден – вели Трајковски во разговорот со познатиот италијански новинар Џанлука ди Марцио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот