Трајковиќ: Тачи и Весели беа интервјуирани во Специјалниот суд, Харадинај им даде „час по морал“
Поранешната пратеничка на косовското Собрание, претседателката на Европското движење на Србите од Косово, Рада Трајковиќ, вели дека косовскиот претседател Хашим Тачи и претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весели веќе биле интервјуирани од страна на Специјалниот суд, во врска со обвиненијата за воени злосторства во Косово. Таа процени дека Рамуш Харадинај со неговата оставка и заминувањето во Хаг им одржа „час по морал” на Тачи и Весели.
Препорачано
Трајковиќ, зборувајќи за Телевизија N1, пренесува Телеграфи, рече дека повеќе од 40 луѓе на Косово добиле покани за да одат во Хаг во својство на осомничени или како сведоци, а вели дека „најважно за српската заедница е да започне процесот против таканаречената „Група од Дреновец“, која во извештајот на Дик Марти е осомничена за киднапирање на Срби и трговија со органи.
Таа ги потврди наводите на пратеникот на Самоопределување, Џевдет Свечла, дека Тачи и Весели веќе биле интервјуирани од страна на специјалните обвинители, но не во Хаг.
-Со сигурност знаеме дека Кадри Весели беше поканет. Од меѓународни извори имам информации дека тој даде изјава во Словенија, но го крие тоа од јавноста – рече Траковиќ.
Според неа, „со Тачи, додека била спроведена истрагата, разговорот се реализирал во неговиот кабинет во Приштина и траел неколку часа”.
– Се вели дека оттаму излезгол целосно збунет за начинот и аргументите со кои се соочил во текот на истрагата. Исто така, се вели дека и тој (Тачи) е повикан и дал изјава, но ова се чувало во тајност – изјави Трајковиќ.
Според неа, со својата оставка и одење во Хаг, Рамуш Харадинај им одржал „час по морал” на Хашим Тачи и Кадри Весели, порачувајќи дека за него не е важна функцијата, туку да оди и да се бори за Косово.
– Со овој потег, косовскиот премиер во оставка направи две работи – ги отстрани притисоците за укинување на данокот на стоките од Србија, а од друга страна, со прифаќањето да си оди, создаде услови за мирно предавање во процесот што се спроведува против него во Хаг – ја пренесува Телеграфи изјавата на Трајковиќ.
Исто така, според неа, за Тачи е важно да го продолжи дијалогот со Белград, бидејќи тоа е начин да се одложи процесот за шверц со органи.
И пратеникот на Самоопределување, Џељал Свечла, изјавил дека Кадри Весели и Хашим Тачи биле испрашувани од обвинителството на Специјалниот суд. Тој рече дека Весели бил интервјуиран во Франкфурт, додека за Тачи рече дека не ја знае локацијата, но дека „два пати бил интервјуиран”.


