Павле Трајанов
Павле Трајанов, претседател на Демократски сојуз / Утрински брифинг

Трајанов бара измени на Законот за попис: Да се тргнат нерезидентните и да се комлетираат податоците на административно попишаните

Пратеникот и претседател на Демократски сојуз, Павле Трајанов бара Собранието да расправа за пописот. Трајанов го доставил барањето до претседателот на Собранието Талат Џафери и бара за Информацијата за пописот пленумот да расправа на наредната седница.

Тој предлага Собранието да донесе измени и дополнувања на Законот за попис на нселението, домаќинставта и становите со кои од пописот ќе се изостават нерезидентните, да се комплетираат податоците за 132.000 непопишани граѓани во делот на етничката, јазичната и верската припадност преку вкрстување на податоците, но и со директен контакт со лицата кои не се попишале и Владата да формира деветчлена експертска комисија која во соработка со Државниот завод за статистика и со другите државни институции ќе ги провери податоците од пописот и ќе ги отстрани евентуалните грешки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот