Фото: Subscribe to GrantWahl.com/Twitter

Трагедија во Катар: Почина новинарот кој носеше ЛГБТ знаме, неговиот брат тврди дека е убиен

Во вчерашниот натпревар помеѓу Аргентина и Холандија силно одекна веста за смртта на американскиот новинар Гран Вал.

49-годишниот репотер кој работеше за „CBS Sport“ почина додека се играше натпреварот. Вол неодамна се најде во центарот на вниманието затоа што на натпреварот САД – Велс се обиде да влезе на стадионот со знаме на ЛГБТ.

Братот на Вол, Ерик, кој се деклатира како припадник на ЛГБТ заедницата, смета дека неговиот брат е убиен.

„Поради мене носеше дрес со ЛГБТ знаме на Светското првенство. Не верувам дека брат ми почина, сигурен сум дека е убиен“, изјави Ерик.

За разлика од тврдењата на неговиот брат, првичните информации се дека Вол починал поради наводен бронхитис и замор поради работата за време на Светското првенството.

Дел од неговите колеги зборуваат дека тој само паднал од своето седиште за време на натпреварот. Лекарските служби интервенирале, но не успеале да го спасат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот