ТРАГЕДИЈА: Додека го буткале амбулантското возило да запали-фудбалерот починал

Навивачите во нигерискиот град Лафија беа сведоци на нов трагичен настан

Чинеме Мартинс, 20-годишниот нигериски фудбалер, почина откако се онесвести за време на натпревар. Како што пренесува „Би-Би-Си“, Мартинс ненадејно колабирал за време на второто полувреме од натпреварот помеѓу Насарава јунајтед и Катсин.


Аутопсијата ќе ја открие вистинската причина за смртта, а сведоци кои го следеле натпреварот потврдија дека транспортот во болницата требало да биде направен многу побрзо и подобро. Имено, амбулантското возило „запали“ по асистенција на редарите кои мораа да го буткаат автомобилот.


Нигерискито министер за спорт, Сандеј Дер, потврди дека смртта на младиот фудбалер можела да биде избегната, а интересно е што ова е втор случај навивачите во Лафија да бидат сведоци на трагичен настан. Во декември 2018 година, Доминик Дукудод колабирал за време на загревањето на својата екипа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот