„Трага во бескрајот“: Таткото Ненад оваа песна му ја посвети на исчезнатиот син Матеј Периш

Ненад и Матеј Периш / Фото: Колаж на СП

Ненад Периш, таткото на исчезнатото момче Матеј, по неколкумесечен престој во Белград, се врати дома во Сплит и на социјалните мрежи се огласи по подолго време.

Неговиот син Матеј Периш исчезна ноќта пред Нова година во Белград. Бил во друштво во ноќниот клуб „Готик“, а потоа од непознати причини го напуштил, за што постојат и снимки од безбедносните камери. По десетина минути од излегувањето, му се губи секаква трага на шеталиштето покрај Сава. Потрагата по момчето и натаму е отворена.

Таткото Ненад на Фејсбук ја објави песната од Оливер Драгојевиќ „Трага во бескрајот“ (Trag u beskraju), а посебно го издвои стихот „Сѐ би дал да си тука“.

Потресна објава на таткото на Матеј Периш/Фото; Скриншот

 

– Морав да се вратам дома. Тука ми е семејството, ќерките, морав да се вратам за да се обидам да продолжам со оној живот кој некогаш го водеше Ненад Периш. Само тоа повеќе нема да биде истиот Ненад Периш, тоа е некој сосема друг човек. Моето срце остана со мојот син, во Белград, во кој ќе се вратам за да ја продолжам потрагата по мојот Матеј, рече Периш.

Тој останува во контакт со српската полиција, која ја пофали дека повеќе од професионално си ја вршела својата работа.

– Направија се за да го пронајдат Матеј, но за жал засега немаме никакви нови информации, рече Ненад Периш за „Слободна Далмација“ по враќањето во Сплит.

Инаку, белградската полиција вчера извести дека е пронајдено безживотно тело закачено за еден сплав. Трупот се уште не е идентификуван.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот