Тозовац ја победи битката со коронавирусот на 85 години: Наскоро излегува од болница
Пејачот Предраг Живковиќ Тозовац за два до три дена ќе ја напушти болницата, откако беше хоспитализиран поради компликации поврзани со коронавирусот, пишува „Телеграф“.
Препорачано
Имено, Тозовац, избегнал тешки последници бидејќи непосредно пред да биде хоспитализиран ја примил кинеската вакцина.
Пејачот Предраг Живковиќ Тозовац хоспитализиран поради компликации со коронавирусот
„Предраг се чувствува одлично и денешните прогнози се дека ќе биде пуштен од болница за два до три дена. Тој беше примен со пневмонија и беше приклучен на кислородна поддршка заради претпазливост. Непосредно пред да се зарази ја прими и втората доза од кинеската вакцина, поради што немаше тешки симптоми“, наведува изворот за споменатиот медиум.
Предраг Живковиќ Тозовац се огласи од болница: Ќе го победам ова зло
„Благодарение на вакцината тој на 85-годишна возраст успеа да преброди вирусот, што не е чест случај за многумина. Здравствените работници и лекарите се презадоволни од неговата состојба“, тврди изворот.
За потсетување, Предраг Живковиќ Тозовац беше примен во болницата „Драгиша Мишовиќ“ на почетокот на месецот како последица на коронавирусот


