Пејачот Предраг Живковиќ Тозовац хоспитализиран поради компликации со коронавирусот

Instagram

Легендарниот пејач Предраг Живковиќ Тозовац вчера бил хоспитализиран во КБЦ „Драгиша Мишковиќ“ во Белград, поради компликации предизвикани од коронавирусот и пневмонија.

Тозовац бил во прилично тешка здравствена состојба, пишува „Telegraf.rs“.

Неговата крвна слика не е добра, тој засега е во сериозна состојба, но е стабилен. Не е поврзан на респиратор, но прима терапија со кислород. Неговата состојба активно се следи, лекарите прават сè за да му помогнат, но рано е да се дадат какви било прогнози“, потврдил изворот од болницата за српскиот медиум.

Instagram

85-годишниот пејач е едно од најзначајните музички имиња на српската народна музика, а неговите песни се актуелни со години, и до ден денес се неизбежен репертоар на сите прослави и свечености на Балканот.

Во октомври 2012 година, Тозовац доби признание за заслужен граѓанин на Краљево. На почетокот на оваа година, пејачот се ожени со својата сакана Емилија Мима, по цели 40 години љубов и заеднички живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот