Предраг Живковиќ Тозовац се огласи од болница: Ќе го победам ова зло

Instagram
Instagram

Пејачот на народна музика Предраг Живковиќ Тозовац во моментов е на одделот за интензивна нега, каде е поврзан на кислород.

Точно е дека завршив во болница поради пневмонија и коронавирус, но многумина се борат со овој проблем. Веќе не е никаква вест дека некој е позитивен на коронавирусот, туку дека е негативен“, изјави Тозовац од болница.

Пејачот Предраг Живковиќ Тозовац хоспитализиран поради компликации со коронавирусот

Пејачот вели дека и покрај сериозноста на ситуацијата, тој е оптимист дека ќе биде подобро.

Мојата здравствена состојба не е добра, како може да биде? Лекарите ми рекоа дека одморот е најважниот фактор за моето закрепнување. Ми дадоа антибиотици и слушам сè што ќе ми кажат“, изјави Тозовац за „Ало.рс“, истакнувајќи дека се надева наскоро да излезе од болница.

Не да се надевам, туку со душа го чекам моментот кога лекарите ќе ми кажат дека можам да си одам дома. Јас сум оптимист и верувам во Бога, сè уште не е дојдено меоето време да го напуштам овој свет“, изјави еден од најпопуларните пејачи на народна музика во регионот.

Многу ми е жал за смртта на Балашевиќ, но како да повлече нога… Се надевам дека ќе го победам ова зло што е можно поскоро“, додаде пејачот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот