Тото: Цврстата одбрана е клучот за успехот против Монпелје

Жереми Тото ќе игра само една година во дресот на скопските „црвено-црни“/ фото: РК Вардар 1961/Денис Дуковски

Жереми Тото, летното засиување на Вардар кој игра одлично на стартот од новата сезона, смета дека утрешниот натпревар против Монпелје во четвртото коло од Лигата на шампионите, нема да биде воопшто лесен.

Францускиот ракометар смета дека одбраната ќе биде клучот за победата над Монпелје кој во претходното коло го совлада германскиот Кил со 37:30.

– Само со цврста одбрана можеме да го добиеме Монпелје. Мораме да бидеме на највисоко ниво од првата до последната минута на натпреварот. Поразот од Сесон не е нешто што треба пресериозно да се земе во предвид, Монпелје е моќен тим што неодамна го победи Кил. Играат брзо, имаат одлични крила и јасно ни е дека нема да биде лесно – вели Тото.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот