Тотенхем ги собра наградите за играч и тренер на месецот во Премиер лигата

Фото: Premier League

Стратегот на Тотенхем, Енџи Постекоглу ја освои наградата за менаџер на месецот во Премиер лигата, додека фудбалерот на овој тим, Џејмс Медисон го доби признанието за играч на месецот.

Тотенхем има одличен резултат и Постекоглу засега работи одлично, тимот победува иако пред крајот на преодниот рок остана без својот најдобар играч Хари Кејн кој се пресели во Баерн.

Но, интересно е што добивањето на оваа награда има лоша традиција во Тотенхем. Имено, Жозе Мурињо и Нуно Еспирито Санто исто така ја освојуваа во својот прв месец, а подоцна добиваа откази.

Фановите на Тотенхем секако се надеваат дека оваа чудна традиција ќе биде прекината и Постекоглу ќе биде долгорочно решение за клупата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот