Торта медено срце – Прсти да излижеш! (РЕЦЕПТ)

Подгответе ја оваа неверојатно вкусна торта, наречена медено срце и уживајте во богатиот вкус. За нејзината подготовка потребни ви се час и половина.

Потребни состојки:

1 1/2 чаша вода
1 1/2 чаша шеќер
2 чаши брашно
4 големи лажици мармалад
1 мала лажица сода
1 цимет
1 ванила
1 пециво
2-3 големи лажици масло за премачкување на тавичката

Глазура:

200-250 гр. мармалад
150 гр. посно чоколадо

Начин на подготовка:

1. Водата, шеќерот, циметот, мармаладот, содата и ванилата се ставаат во еден сад и се мешаат, се оставаат да стојат 30 минути (со повремено промешување).

2. На смесата и се додаваат брашното и пецивото, се меша со шпатула убаво да се соедини смесата.

3. Тавчето се премачкува со масло.

4. Се пече на загреана рерна на 180 степени, 50 минути.

5. Одозгора се премачкува со мармалад додека е жешка тортата и се остава да се олади.

6. Потоа се премачкува со растопено чоколадо.

7. Тортата се сече на парчиња додека чоколадото не е стегнато.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот