Tor пребарувачот сега достапен и за Андроид

Принтскрин

Tor е пребарувач кој не остава трага. Без разлика што и да читате или гледате на Интернет, овој пребарувач ќе ги скрие сите линкови и извори кои водат до страната која сте ја отвориле.

Досега, Tor можеше да се користи само преку компјутер. Но, сега можете да го симнете на вашите телефони. Без разлика дали сте активист или едноставно не сакате некој да ги следи вашите активности, овој пребарувач ќе ги избрише сите траги.

Многу луѓе го користат бидејќи нема реклами. Ова е еден од најпопуларните пребарувачи ширум светот. Софтверот е базиран врз Mozilla Firefox. Девелоперите од Mozilla и Тор работеа заедно во последните неколку години за да го реализираат овој проект.

Оваа верзија на Tor не може да се симне преку Apple Store. Apple ги блокираше сите верзии на пребарувачот. Поради тоа, корисниците на iPhone не можат да го симнат пребарувачот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот